Балкан
4. May 2017 - 9:01

Вонредна седница на Еврогрупата за Грција

Министрите за финансии од еврозоната денеска ќе одржат вонредна седница, на која ќе го разгледаат постигнатиот договор меѓу Атина и нејзините кредитори за испраќање на следната транша од кредитите на земјата.

Се очекува конечното зелено светло за деблокирање на траншата да биде дадено на редовната средба на Еврогрупата на 22 мај, а самото префрлање на средствата да се случи на почетокот на следниот месец.

Претходно Еврогрупата ќе има уште една вонредна седница, која ќе се одржи на 15 мај.