Македонија
17. January 2018 - 22:43

Вонредна прогноза: Поради врнежи од снег, забрана за камиони на Стража

Поради врнежи од снег, од 21,45 часот на планинскиот премин Стража се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила.

Според прогнозата, во вечерните и ноќните часови ќе дува засилен северен ветер и врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места, а во северозападните подрачја ќе има услови и во пониските делови.

На планините претежно на запад ќе има значително зголемување на снежната покривка, локално и над 30см, а ќе има и појава на снежни наноси. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16 степени.