Македонија
5. May 2017 - 12:18

Вонредна прогноза на УХМР, во недела страшно невреме

Променливо и нестабилно време со локален пороен дожд проследен со засилен ветер и грмежи најчесто во попладневните часови се очекува од недела. Веќе од утре ќе биде малку посвежо.

Во недела ќе дува повремено силен западен ветер, особено во југозападните и јужните делови од земјата, а на повеќе места, посебно во северните и источните делови, ќе биде нестабилно. 

Во понеделник и вторник ќе биде пооблачно и ветровито со северен ветер кога под влијание на нов влажен бран се очекуваат врнежи од дожд во поголемиот дел од Македонија. Од среда се очекува да има и позначително, не и подолготрајно спуштање на утринските и на дневните температури, кое ќе се почувствува повеќе во северните делови.