Македонија
6. February 2017 - 22:49

Вонредна прогноза на УХМР, од вечерва големо невреме

Во моментов преовладува зголемена облачност, и понатаму дува претежно јужен ветер но со намален интензитет. Врнежите се претежно од дожд, а само во Тетово во 22 часот почна да паѓа снег. Дожд паѓа во Крива Паланка, Берово, Штипи Демир Капија. 
 
Температурата на воздухот остана повисок во овие предели во кои уште има врнежи од дожд. Само во Тетово температурата е спуштена на само 2 степени.
 
ПРОГНОЗА ЗА ПРЕКУ НОЌТА: Врнежите претежно ќе се од дожд и ќе продолжат, а ќе се почести во северните и источните делови од земјата и по интензитет ќе ослабнат до изутрина. На запад ќе има повремени послаби врнежи.
 
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен слаб до умерен дожд. Во Скопската котлина ќе се задржи претежно слаб јужен ветер.
 
ВРЕМЕТО УТРЕ
 
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, почест до претпладневните часови. На планините ќе има повремен снег. Ќе има и услови за појава на грмежи, особено на југоисток. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а попладне слаб до умерен од северен правец. Т-мин. од 2 до 6 а т-макс. од 6 до 12 степени.
 
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд, почест до претпладневните часови. Ќе дува слаб променлив ветер кој попладне ќе се промени во северен. Температурата од 2 до 8 степени.