Вонреден состанок на Воениот комитет на НАТО посветен на руското нарушување на воздушниот простор на Пактот

Во седиштето на НАТО во Брисел денеска ќе се одржи вонреден состанок на Воениот комитет на Алијансата на ниво на постојани амбасадори на земјите членки, на кој ќе се разговара за нарушување на воздушниот простор на Пактот од страна на руски летала.
Состанокот е свикан на барање на Естонија по инцидентот во петокот кога три руски воени авиони МиГ-31К без дозвола упаднаа во естонскиот воздушен простор. Според естонското Министерство за одбрана, трите руски борбени авиони во воздушниот простор на Естонија се задржале речиси 12 минути.
Талин побара итен состанок врз основа на Член 4 од Договорот на НАТО, со цел Алијансата да реагира на инцидентот, поради кој Естонија најави затворање на својата источна граница кон Русија.
Членот 4 предвидува дека „членките заедно ќе се консултираат секогаш кога, според мислењето на која било од нив, се загрозени територијалниот интегритет, политичката независност или безбедноста на која било од членките“.
НАТО уште во петокот соопшти дека Алијансата веднаш реагирала на навлегувањето на авионите во естонскиот воздушен простор и ги пресретнала руските МиГ-31К.
-Ова е уште еден пример за неодговорно руско однесување и способноста на НАТО да одговори, изјави портпаролката на Алијансата, Алисон Харт.
Инцидентот го осуди и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, која оцени дека нарушувањето на естонскиот воздушен простор од страна на руски воени авиони претставува „исклучително опасна провокација“.
Москва, од своја страна, тврди дека летот на нејзините МиГ-ови бил во согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор и дека „не ги прекршиле границите на други држави“.
За ова прашање, Естонија веќе иницираше итен состанок и на Советот за безбедност на ОН.
Инцидентот во Естонија, следи откако претходно руски дронови ги прекршија воздушните простори на уште две земји членки на НАТО и на ЕУ, Полска и Романија.
Како одговор на овие провокации и зачестените руски нападите во Украина, Европската комисија во петокот предложи 19-ти пакет санкции кон Русија, кои вклучуваат мерки насочени кон енергетскиот и банкарскиот сектор, трговијата со крипто валути и компании што го поддржуваат рускиот воено-индустриски комплекс.
МИА
Ново на Сител
-

РСБСП: Продолжениот викенд да помине со безбедно патување, да не се ризикуваат сопствениот и животот на другите
-

Николоски: Нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување на пристаништето Бар преку изгрaдба на автопатот Скопје-Блаце
-

Спречен обид за илегален влез на 40 мигранти близу ГП Богородица, полицијата пукала во воздух
-

Детален извештај за прославата на 35 години независност: За 18 реализирани настани потрошени се 340,5 милиони денари
-

Две момчиња од Скопје тврдат дека биле претепани од полицајци, МВР отвори истрага
-

Пред крајот на месецот дигитална лична карта
-

Муцунски во Софија без договор за суштинските прашања: Недовербата и натаму е пречка
-

Мицкоски: Опозицијата и Филипче трујат со лаги, Фон дер Лајен ги демантираше со потврда дека има реформи
