Свет
21. August 2017 - 21:23

Вон контрола: Изби голем пожар во рускиот град Ростов на Дон

Голем пожар го зафати рускиот град Ростов на Дон, јави ТАСС. 

Пожарот изби во приватен дом, а потоа зафати 25 куќи со вкупна површина од 10.000 квадратни метри. 

Поради огнената стихија евакуирани се 650 лица од околните згради. Над 1.200 лица останаа без електрична енергија. 

Во гаснењето на огнот учествуваа три хеликоптери, еден авион и над 2.000 пожарникари. 

Гаснењето на огнот е отежнато поради силниот ветер. 

Во пожарот се повредени 27 лица, од кои петмина се хоспитализирани. 

Се уште не е наведена причината за пожарот.