„Волстрит џорнал“: Кина се подготвува за потенцијална криза во Северна Кореја
Кина се подготвува за потенцијална криза со Северна Кореја, зацврстувајќи ја својата одбрана долж заедничката граница, вклучувајќи го и создавањето нова гранична бригада и изградбата на бункери за цивилното население, јави весникот „Волстрит џорнал“.
Како шпто јавуваат британските медиуми, Кина ја засилува својата одбрана на севернокорејската граница уште откако Пјонгјанг во 2006 година ја изврши својата прва нуклеарна проба, вклучувајќи ја и изградбата на ограда во сектори од границата и засилувајќи ги граничните патроли.
Кина, исто така, ги прераспореди своите вооружените сили во североисточниот дел на земјата, тврди „Волстрит џорнал“, повикувајќи се на кинески воени претставници и владините сајтови и на кинеските и странските експерти.
Кина се наоѓа во процес на широка програма за воена реорганизација и модернизација, потсетуваат британските медиуми.
Кинеската Влада повеќепати има соопштено дека не може да има воена разрешница на севернокорејското прашање.
Портпаролот на кинеското Министерство за одбрана, Ву Цијанг, вчера во Пекинг изјави дека не може да одговори на „хипотетичкото прашање“ за тоа што кинеската армија ќе направи во случај на судир на Корејскиот Полуостров.
Кина одамна е загрижена од потенцијалната можност за војна или немирите во соседните земји да се префрлат на нејзина територија.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот