„Волстит Журнал“: Две мониторинг станици престанале да работат по експлозијата во Северодвинск
Две станици за мерење на нивото на радијација лоцирани во Дубна и Киров, престанале да праќаат редовни податоци два дена после хаваријата кај Севердвинск, дознава весникот „Волстрит Журнал“.
Како што е веќе познато, на 8 авуст таму одекна експлозија на полигон каде се вршеле испитувања на ракета со нуклеарен погон при што загинаа најмалку пет лица а повеќемина беа ранети.
За проблемите во работата на станиците весникот доби изјава од Ласина Зербо, извршен секретар на Продлабочениот договор за забрана на нуклеарни тестирања на Советот за безбедност на ОН (ЦТБТ), мултилатерално тело кое забранува секакви нуклеарни екпслозии, како за цивилна така и за воена намена.
Зербо не знае зошто станиците престанале да работат. Според некои руски официјални лица, станиците имале „проблем со врската“.
-Чекаме дополнитела информација за тоа кога работата на станиците или системот за врски ќе бидат обновени, изјави тој.
Според весникот, информацијата за неработењето на станиците „предизвикува стравувања кај експертите дека Русија се обидува да ги сокрие доказите за експлозијата“. Овие станици го мерат количеството на радиаоктивни честички во воздухот и се дел од Меѓународниот систем за мониторинг на радиоактивноста на ЦТБЦ.
Како што е веќе извесно, на растојание од околу 40 киломертри од местото на експлозијата беше измерено краткотрајно зголемување на радиоактивниот фон за 16 пати повеќе од нормалата.
Руската хидрометереолошка служба појасни дека тоа било поврзано со преминување на облаци од радиоактивни инертни гасови. Весникот „Москоу Тајмс“, дозна дека лекарите што ги лечеле повредените не знаеле дека тие се озрачени.
Според весникот, кај еден од медицинските работници, наводно, бил откриен радиоактивен изотоп во мускулното ткиво.
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер