Волонтерски активности на вработените во ЕВН Македонија
Вработените на ЕВН Македонија во рамки на волонтерските активности за доброто на заедницата денеска подготвуваа храна за социјално загрозените лица во црквата „Гласност“ во Скопје.
Активноста, на која поддршка даде и Маркус Брандштетер, управител на ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ.
„Светлина = Живот” е насловот на активноста на тимот од КЕЦ Штип. Оваа волонтерска активност овозможи замена на сите нефункционални светилки во и надвор од објектот во детската градинка „Рахилка Гонева” во Свети Николе.
Членовите на тимот КЕЦ Делчево ги бојадисуваа и освежуваа столбовите за улично осветлување во центарот на градот, а тимот од КЕЦ Кочани работеше на поправање на оградата и поставување на врати на фудбалското игралиште во село Зрновци.
Од ЕВН Македонија планираат да учествува во уште многу разновидни волонтерски активности и со тоа да го поддржи развојот на општествената одговорност во земјава.
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер