Волонтери ќе се грижат за старите и изнемоштени пензионери од кумановско
За старите и изнемоштени пензионери од Куманово, Липково и Старо Нагоричане ќе се грижат волонтери кои ќе набавуваат продукти и ќе закажуваат прегледи кај лекари.
Ова е предвидено со проектот „Во посета, со добра намера“ којшто го спроведува Здружението на пензионери. За таа цел, Здружението, кое има 14 ограноци на подрачјето на трите општини, веќе започна со организација на групи волонтери кои ќе им помагаат на пензионерите со влошена здравствена состојба.
- Голем број од пензионерите останаа сами, без неопходна помош. Увидувајќи го тој проблем, одлучивме да им помогнеме на пензионерите кои се во незавидна материјална положба, кои се осамени, со влошена здравствена состојба, ангажирајќи волонтери кои ќе се погрижат за осовните потреби на овие лица, изјави Никола Костовски, претседател на комисијата за здравство при Здружението на пензионери.
Предвидено е да се ангажираат од 100 до 150 волонтери кои ќе се едуцираат и ќе добијат сертификат за учество во проектот. Семејствата треба да одлучат дали ќе дозволат посета и поддршка од волонтерите.
- Планираме да ангажираме и медицински персонал кој при посетите ќе може да пружи и здравствена помош, истакна Костовски.
Проектот е продолжение на претходниот „Мала помош, голема корист“ којшто го организираше Здружението со поддршка на Црвениот крст.
На подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане има над 14.000 пензионери.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо