Македонија
2. July 2019 - 16:40

Волонтери ги разладуваа „упорните“ шетачи на пеколното време

На овие пеколни горештини е многу значајно некој да ви даде нешто за разладување. 15 млади волонтери на Црвен крст во периодот од денот кога е најтопло делат вода и флаери со совети за заштита од високите температури. Во трите мобилни екипи кои се движат низ Скопје има и парамедици кои им мерат и крвен притисок на граѓаните.

-Соодветно се поделени да се покријат критичните точки како што се автобуските станици каде има голема раздвиженост како и места каде најмногу се изложени на сонце. Имаме можност доколку има потреба да направиме транспорт до некоја здравствена установа или ако е подалеку да направиме транспорт до домот, вели Слободан Митровиќ од Црвен Крст Скопје.

Граѓаните велат дека ги почитуваат препораките што ги пишува во флаерите, иако напладне кога е најтопло беше најголемата гужва во центарот на градот.

-Па отсабајле сум излезена, ама морав инаку ги почитувам советите на лекарите, редовно земам терапија

-Треба да ги почитуваме препораките, секако, велат граѓани.

-Какко што може да забележите, 13 часот е а има голема раздвиженост. Сепак, ние стоиме на тоа дека треба да се почитуваат препораките и да нес е излегува кога е најтопло, вели Митровиќ.

Мобилните екипи од Црвен Крст велат дека веќе им станало традиција летниот период да бидат на улиците и да им помагаат на граѓаните. Од вчера е прогласена жолта алерна фаза во цела земја. Според прогнозите на УХМР утре ќе биде најтопло со температури од 40 степени.