Свет
29. September 2022 - 9:31

Володин им се заканува на Русите кои бегаат од земјата поради мобилизацијата

Првиот човек на руската Дума, Вјачеслав Володин, на каналот Телеграм напиша дека Русите не треба да бегаат од земјата во обид да ја избегнат мобилизацијата и дека тоа им е забрането со закон.    

„На граѓаните кои се евидентирани во воената евиденција, од моментот кога е објавена мобилизација, им се забранува да го напуштат местото на живеење без дозвола од воениот комесаријат. Таква законска норма постои и по неа треба да се раководат сите воени обврзници“,напиша Володин на социјалната мрежа .

Русите веќе една недела масовно бегаат од земјата откако претседателот Владимир Путин прогласи делумна мобилизација. Британското разузнавање денеска соопшти дека бројот на руски бегалци веројатно ја надминува големината на вкупните сили со кои Русија ја почна инвазијата врз Украина во февруари 2022 година. Меѓу оние кои се обидуваат да ја напуштат Русија, има претежно богати и образовани, додаваат разузнавачите.