Loading Video...
Фудбал
30. May 2020 - 17:57

Волфсбург изненаден и поразен од Ајнтрахт

Во најефикасниот натпревар одигран попладнево во Бундес лигата екипата на Ајнтрахт како гостин го победи Волфсбург со 2-1. 
 
Гостите од Франкфурт поведоа во првото полувреме со голот на Португалецот, Андре Силва од пенал во 27-та  минута. 
 
Составот на Волфсбург кој се бори за излез на европската сцена, односно настап во Лигата на Европа, во вториот дел, поточно 58.минута преку Кевин Мбабу успеа да го израмни резултатот. 
 
Иако домаќините се обидуваа на направат и комплетен резултатски пресврт, а пропуштија и неколку домри шанси, сепак, тоа не се случи. Напротив. 
 
Холанѓанецот, Бас Дост во 85.минута ја искористи заспаноста на домашната одбрана и со својот гол и донесе победа на екипата на Ајнтрахт. 
 
Комплетни резултати и двојки од 29.коло во Бундес лигата
Петок 
ФРАЈБУРГ - БАЕР Л. 0 – 1 
Сабота 
ХЕРТА БЕРЛИН - АУГСБУРГ 2 – 0 
МАЈНЦ - ХОФЕНХАЈМ 0 – 1 
ШАЛКЕ - ВЕРДЕР 0 – 1 
ВОЛФСБУРГ - АЈНТРАХТ 1 – 2
БАЕРН МИНХЕН - ДИЗЕЛДОРФ _____ од 18:30 часот 
Недела 
БОРУСИЈА М. - УНИОН БЕРЛИН  _____ од 15:30 часот
ПЕДЕРБОРН - БОРУСИЈА Д.     _____ од 18:00 часот
Понеделник 
КЕЛН -  ЛАЈПЦИГ _____ од 20:30 часот