Фудбал
21. November 2015 - 18:31

Волфсбург го декласира Вердер со 6:0

 
Фудбалерите на Волфсбург ја забележаа најубедливата победа од еден од петте одиграни натпревари попладнево во Бундес лигата.
 
Во мечот од 13.коло на Германското првенство Волфсбург го декласира Вердер совладувајќи го со 6:0. Убедлива победа како гостин оствари Аугсбург кој со 4:0 го победи Штутгарт. Гостински триумф оствари и  Баер Леверкузен кој со 3:1 го победи Ајнтрахт. Борусија пред своите симпатизери во Менхенгладбах  со 2:1 беше подобра од Хановер, а единствено на средбата Келн – Мајнц немаше голови.
 
Денешната програма во Бундес лигата ќе биде заокружена со дерби средбата Шалке – Баерн Минхен.
 
Колото ќе биде комплетирано утре со натпреварите, Херта – Хофенхајм и Инголштат– Дармштат.