Ракомет
1. March 2017 - 16:25

Војводиќ нов играч на Вардар

Српскиот интернационалец Јања Војводиќ до 2019 година ќе биде дел од екипата на Вардар, откако беше потпишан 2,5 годишен договор за соработка.
 
- Војводиќ е веќе на тренинзите на Вардар и треба да дебитира на натпреварите од домашното првенство. Игра на позицијата среден бек и ќе биде дополнителна помош за нашите бекови, соопшти македонскиот шампион.
 
Првите чекори во ракометот, 22-годишниот интернационалец ги прави во школата на Врбас, а потоа има настапувано и за екипата на Металург, Сласк Вроцлав и во Шпанија. Војводиќ доаѓа од Катар од екипата на Ал Сад каде настапуваше, а претходно една сезона мина и во екипата на Анхел Хименез во Шпанија.