Војводата од Кент во посета на Македонија за сто години од Првата светска војна
Неговото Височество, Војводата од Кент в понеделник ќе ја посети Македонија по повод активностите на Обединетото Кралство за одбележување на стогодишнината од Првата светска војна.
Како што соопштија од Британската амбасада, Војводата од Кент на 1 октомври во близина на Раброво, ќе се информира за битките во Дојран и Костурино, со детали за бројот на британски и ирски формации, вклучително и 10-та ирска дивизија. Потоа ќе положи цвеќе на споменикот во чест на 10-та ирска дивизија.
Во Скопје, Неговото Кралско Височество ќе присуствува на церемонија на британските воени гробишта. На службата најавено е присуство на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, високи воени претставници, како и амбасадори на земјите кои учествувале во Првата светска војна.
Војводата од Кент е претседател на Комисијата за воени гробишта на Комонвелтот од 1970 година. Комисијата е организација, која им оддава спомен на сите мажи и жени кои служеле и починале во двете светски војни и се грижи за спомениците на 23.000 локации во 154 земји.
- Војводата тесно соработува со Комисијата и ги посетува локациите. Годишнините од двете светски војни се можност за заедничко сеќавање, можност да се потсетиме за хоророт на војната, да жалиме да им одадеме спомен на оние кои ги изгубија животите, да покажеме солидарност со оние кои преживеале, се наведува во соопштението од Британската амбасада.
Ново на Сител
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“