Свет
25. December 2018 - 13:06

Војник падна во несвест среде говорот на Макрон: Снимката стана хит, сите зборуваат за реакцијата на францускиот претседател

Францускиот претседател Емануел Макрон ги посети француските воени сили стационирани во Чад. Во таа прилика се случи мал инцидент, кога еден од војниците се онесвести.

Макрон прво држеше говор, а потоа насобраните почнаа да ја пеат француската химна „Марсељеза“.

Во тој момент на еден од војниците на бина му се слоши, па падна во несвест.

Колегите веднаш притрчаа да му помогнат, а меѓу нив беше и самиот Макрон, кој отпрвин делуваше збунето.