Војниците со навршени 45 години ќе добиваат отпремнина од АРМ
Професионалните војници кои навршиле 45 години отсега ќе имаат можност да си заминат од Армијата со финансиска отпремнина. Таа ќе изнесува илјада евра, од година помината во служба.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска истакна дека овој договор е постигнат во дијалог и на иницијатива на репрезентативниот синдикат. "Со ова покажуваме дека секојдневно се грижиме за подобрување на условите во Армијата. Ова е шанса за нов почеток на војниците кои навршиле 45 години", истакна Шекеринска.
Од Синдикатот искажаа благодарност за донесената одлука, со надеж дека Собранието набргу ќе ги донесе измените на Законот.
Досега професионалните војници кои навршуваа 45 години државата имаше само обврска да ги вработи во државните или органите на јавната власт.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители