Свет
22. January 2017 - 10:11

Војници спречиле самоубиствен напад во Бејрут

Либански војници успеале да уапсат  бомбаш кој имал намера да изврши самоубиствен напад во преполно кафуле во еден од најпосетените делови на Бејрут.

Безбедносни извори велат дека мажот на себе носел бомби и влегол во кафуле во квартот Хамра во западниот дел од главниот град на Либан. Апсењето било извршено синоќа во момент кога во објектот имало голем број луѓе.