Живот
18. March 2019 - 11:32

Војници ја снимиле сопствената смрт: Вака изгледаше ужасниот пад на авионот среде шума

Патниците на „цесна 206“ снимиле како нивниот авион се урнал во шума во Венецуела, при што загинале две лица.

Вкупно имало четворица патници во авионот во моментот на падот.

Малото летало прво се накривило на едната страна пред да удри во дрвјата. Посадата била многу вознемирена, но тука снимката од кокпитот нагло се прекинува.

Како што се дознава, меѓу патниците имале три венецуелски полковници, додека четвртиот бил наредник. Загинаа полковниците Хосе Силвестре Гранха и Сесар Паул Падрино Брузуал.

Несреќата се случила во сојузната држава Боливар.