-->
-->
Војнески реди победи со Пахтакор во Узбекистан
-->
Македонскиот тренер Славче Војнески по ангажманите во Турција, Словачка и Чешка својата кариера ја продолжи во Узбекистан на клупата на најтрофејниот фудбалски клуб на оваа земја Пахтакор, единствен кој порано се натпреваруваше во првата лига на поранешниот СССР.
Актуелниот првак Пахтакор во последното коло синоќа славеше со 2-0 на гостувањето кај Металург Бекабад и ја продолжува мртвата трка за шампионската титула со Насаф Карши и Навбахор кои имаат бод повеќе на делба на првата позиција.
Војнески во Ташкент работи заедно со Никола Карчев кој е негов прв помошник а единствен фудбалер кој има настапувано во оваа екипа е Душан Савиќ.
Задачата на Војнески не е лесна бидејќи ја води најтрофејната екипа во Узбекистан со 10 титули од 1992г и настапува во ЛШ на Азија. Пахтакор натпреварите ги игра на својот стадион кој е со капацитет од 35 000 гледачи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра