Фудбал
27. April 2022 - 20:05

Војната ќе заврши до крајот на годината, Русите се подготвуваат за УЕФА Суперкупот во Казан?!

Министерот за спорт на руската република Татарстан, Владимир Леонов вели дека Казан се подготвува да биде домаќин на УЕФА Суперкупот во 2023 по шпекулациите дека УЕФА ќе продолжи со казнувањето на Русија со одземањето на организацијата на мечот меѓу победниците од Лигата на шампиони и Лига Европа.
 
Санкт Петерсбург претходно го загуби правото да биде организатор на финалето на Лигата на шампиони оваа сезона, откако УЕФА му ја додели организацијата на Париз, додека руската фудбалска репрезентација беше исфрлена од баражот за СП во Катар. Според тоа единствената логика овој натпревар да се одигра во рускиот град е да заврши војната и на Русија да и бидат симнати санкциите на руските екипи и спортисти, како и организацијата на спортски настани на територијата на најголемата земја. 
 
„УЕФА Суперкупот останува на календарот. Нема официјални, ниту неофицијални најави дека ќе ни биде одземена организацијата, така што се подготвуваме. Нема никакви компликации“, изјави Леонов.