Балкан
19. August 2015 - 14:31

Војна за наследството на Тито - Погледнете во каква вила живеел

Расправата за наследството на Тито се одвива веќе 33 години, без надеж дека наскоро ќе заврши. Нема да верувате какви предмети се опфатени со него.

Српскиот портал независне пренесува дека во септември ќе се одвира расправата за наследството на Јованка Броз, па тогаш конечно ќе се знае што припаѓа на нејзините сестри, а што останува во аманет на Србија.

Инаку Тито од имотот немал ништо лично, бидејќи тоа било сопственост на СФРЈ, но кога се распадна државата, настана борба за куќи, вили, автомобили, часовници, оружје и што уште не.

Тито имал вила во секоја република, иако речиси никогаш не седел во нив.

Погледнете како изгледа вилата Галеб на Тито: