Свет
14. August 2016 - 18:31

Војна на улиците од Америка поради убиство на Црнец

Во Милвоки, во државата Висконсин дојде до нереди во текот на потера, а еден полицаец уби Афроамериканец, што предизвика бурни реакции кај неговиот народ.

Црните протестанти се собраа на Шерман булеварот. На почетокот се изгледаше како собирање поради протестите, но тогаш работите излегоа од контрола. Неколку возила, вклучувајќи и полициско се запалени, се слушаат пукотници, а запалена е и бензинската станица. Полицијата на Твитер напиша дека "работи на тоа да се смири ситуацијата".

Уште неколку други објекти се запалени, вклучувајќи и банка

На видео снимките се гледа чад кој излегува од оваа установа, додека неколку противпожарни возила се обидуваат да го изгаснат огнот.

Над 100 демонстранти се спрротивставија на 20 или 30 полицајци. Тие седеал во возилата и се подготвуаа да тргнат, кога беа нападнати. Нивниот автомобил беше искршен.

Пред ситуацијата да излезе од контрола, жена, веројатно роднина на убиениот, ги повика собраните да се смират.

-Не сакаме никој да оди во затвор, или да биде повреден, рече таа. И покрај нејзиниот апел, насилството продолжи, а еден полицаец е повреден кога разбеснетата маса го погоди со цигла. Тој потоа е хоспитализиран.

Полицаецот кој уби Афроамериканец е под истрага. Пиштолот кој убиеното момче го имало кај себе е украден во март, кога се украдени голем број парчиња оружје.

Милвоки е на удар од насилство во последните денови. Во петокот се случи уште едно убиство еден блок подолу. Во саботата двојно убиство се случи четири блока подолу од овие нереди. Вкупно се убиени пет лица во последните девет часа.