Кошарка
24. July 2018 - 13:51

Војдан Стојановски сепак продолжува во Германија

 
Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски својата кариера ќе ја продолжи во Германија, не како што претходно беше најавено во Шпанија. 
 
Имено, Стојановски потпиша договор со германскиот прволигаш Олденбург, соопштија официјално од клубот.
 
Сто тоа Војдан се враќа во Бундес лигата по пауза од три сезони, откако претходно од 2013 до 2015 година настапуваше Алба, екипа со која го освои Купот на Германија.
 
- Војдан ќе биде големо засилување. Тој е играч со голема кошаркарска интелигенција, кој секогаш е посветен на тимската работа, изјави по повод потпишувањето на договорот тренерот на Олденбург, Младен Дријенчиќ.
 
Минатата сезона Војдан настапуваше во турската екипа Бујукчекмече, а претходно во Шпанија ги носеше дресовите на Андора и Бетис.