Loading Video...
Кошарка
30. November 2017 - 14:41

„Воините“ по продолжение ги „Езерџиите“

 
Во најнеизвесниот меч од десетте колку се одиграа синоќа во НБА лигата, шампионот Голден Стејт дури по продолжение го совлада ЛА Лејкеср со 127-123. 
 
Стеф Кари постигна дури 13 поени во продолжението, а средбата ја заврши со вкупно 28, еден помалку од Кевин Дурант. 
 
Ноќта ја одбележаа и Џејмс Харден кој оствари учинок со 29 поени, 10 асистенции и 8 скока во победата на Хјустон против Индијана со 118-97, како и 
Лемаркус Олдриџ кој со 41 поен го израмни својот најдобар учинок во дресот на Сан Антонио кој во дуелот со Мемфис забележа победа со 104:95.
 
На останатите средби беа постигнати овие резултати: 
Детроит - Феникс 131:107, 
Орландо - Оклахома 121:108, 
Филаделфија - Вашингтон 118:113, 
Њујорк - Мајами 115:86, 
Торонто - Шарлот 126:113, 
Њу Орлеанс - Минесота 102:120, 
Далас - Бруклин 104:109.