Loading Video...
Кошарка
17. March 2019 - 10:53

„Воините“ немилосрдни во Оклахома

Шампионот Голден Стејт супериорно стигна до гостинска победа над  Оклахома Сити со 110:88 во дербито на вечерта во НБА лигата. 
 
Уште по првата четвртина која „воините“ ја добија со 40:27 беше јасно дека „Тандерси“ немаат шанси на овој меч, иако во составот на гостите повторно го немаше повредениот Кевин Дурант.
 
Затоа Стеф Кари постигна ја презеде лидерската улога и мечот го заврши со 33 поени. Клеј Томпсон придодаде 23 поени, а ДеМаркус Казнс покрај 12 поени имаше и 8 скокови и 6 асистенции.
 
Иако Пол Џорџ имаше дабл-дабл ефект со 29 поени и 13 скокови, сепак кај Оклахома поентерски потфрли Расел Вестбрук кој постигна за него скромни 7 поени. 
 
Најнеизвесниот меч ноќеска го одиграа Њу Орлеанс и Феникс, а гостите се радуваа на победа со 138-136 по продолжението. Домаќините иако на 7,7.секунди до крајот имаа три поени предност, сепак не уепеаја да ги сочуваат. Најнапред, го загубија поседот на топката бидејќи не успеаја да ја уфрлат во игра за 5.секунди, а по примената тројка за израмнување, домашниот тренер џентри побара тајм-аут. Сепак. Судиите констатираа дека нема правво на тоа, па „пеликаните“ беа казнети со техничка грешка, а тоа го казни Кевин Букер кој со вкупно 40 поени и 13 скоови , заедно со Убре кој постигна 32 поени беа најзаслужни за победата на „Сонцата“ 
 
На останатите натпревари беа постигнати следниве резултати:
 
Бостон – Атланта 129: 120
Вашингтон – Мемфис 135: 128
Далас – Кливленд 121: 116
Сан Антонио – Портланд 108: 103
Јута – Бруклин 114: 98
Денвер – Индијана 102: 100