Свет
20. November 2016 - 11:24

Воена вежна на НАТО во Литванија

Во Литванија денеска почнува воена вежба на НАТО со учество на околу 4.000 војници од 11 земји-членки на Алијансата, соопшти литванското Министерство за одбрана.

Командантот на копнената армија на Литванија бригадниот генерал Валдемарас Рупшис истакна дека една од главните задачи на воената вежба е справување со новите закани.

Воената вежба „Железен меч“ ќе трае до 2. декември, а ќе учестуваат војници од Велика Британија, Германија, Естонија, Летонија, Литванија, Луксемург, Канада, Полска, Романија, САД и Словениј.