Свет
3. November 2015 - 22:16

Воена вежба на руски и американски пилоти над Сирија

Руски и американски воени пилоти имаа воена вежба над Сирија, во која учествуваа пилотите од Центарот за стратешки воздушни операции на американската армија во Катар и од Командниот центар на руската авијација на руската авиобаза Хмејмим во Сирија, изјави началникот на Главната оперативна управа на рускиот Генералштаб, генерал-полковник Андреј Картаполов.

- Екипажите на авионите на руското военовоздухопловство и на меѓународната коалиција летаа на минимално безопасно растојание од околу 5,5 километри во специјални избрана зона, договорија меѓусебна комуникација, како и размена на информации за параметрите на летовите на руски и на англиски јазик, наведе Картаполов.

Тој додаде и дека е договорена директна врска меѓу командните центри. \