Свет
9. May 2016 - 11:22

Воена парада се одржа во руската военовоздухопловна база Хмејмим

Воената парада по повод 71-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна се одржа во руската военовоздухопловна база Хмејмим во Сирија.

По обраќањето на генералот-полковник Александар Дворников, кој е командант на руската воена групација, која ја одржа парадата, учесниците на манифестацијата ја испеаја химната на Русија, јави ТАСС.

На пистата дефилираа парадни единици од руските и сириските вооружени сили со различни оклопни возила, артилериско оружје и зенитно-ракетни системи, вклучувајќи го и најновите С-400 „Триумф“.

Воздушната парада беше обезбедена од транспортни хеликоптери Ми-8АМТШ, воени хеликоптери Ми-35, Ми-28 „Ноќен ловец“ и Ка-52 „Алигатор“.