Македонија
5. August 2015 - 8:46

Воена делегација од САД во посета на Македонија

Воена делегација од САД предводена од генерал Вилијам Фрејзер III, која престојува во посета на Македонија, денеска ќе се сретне со министерот за одбрана Зоран Јолевски и претставници на Министерството за одбрана и АРМ. 

Посетата на американската делегација на Македонија е во рамки на КАПСТОН програмата.

Целта на посетата е идните лидери на воените сили на САД да се запознаат со РМ и да ги разгледаат можностите за развој на соработката помеѓу двете држави, соопшти Министерството за одбрана.