Свет
29. December 2015 - 19:59

Воен стратег на САД: следната голема војна е на Балканот и Блискиот исток

Под овој наслов Даниел Сукман еден од стратезите на американската армија предвидува каде САД ќе имаат целосен воен ангажман во следниот период.

Според Сукман, Балканот или регионот на Средниот Исток се најверојатните региони на борбени дејствија на американската армија.

Стратегот, своето предвидување го базира на историјатот на американските интервенции во последните 35 години и геополитичкиот развој на настаните во светот.

Македонија, Косово, Албанија и Босна се обележани на мапата на американски интервенции во регионот.

,,Ако блиската историја е водич кон иднината, следната голема американска интервенција најверојатно ќе се случи на Средниот Исток или на Балканот, а актуелните кризи во Сирија и во Ирак ги потврдуваат нашите очекувања‘‘, вели Сукман.

Според аналитичарот, присуството на 6 американски компании во изминатиот период на Средниот Исток предвидуваат нова американска воена операција од големи размери. За опасноста од нова војна на Балканот, Сукман смета дека потврда е засиленото американско присуство на Косово и во Босна под закрила на операцијата на НАТО, како со копнени, така и со воздушни сили, што зборува за следната улога на САД во регионот на Балканот.