Македонија
18. October 2021 - 13:26

Водство на Душко Весковски од СДСМ во Карпош по 95,95% преработени гласови

Според првичните податоци објавени на веб страницата на ДИК, за градоначалник на Општина Карпош обработени се 95,95% отсто од гласовите.

Според овие податоци, Душко Весковски, кандидатот на СДСМ освоил 9.160 гласови, Стевчо Јакимовски, кандидатот на ГРОМ освоил 6.545 гласови , а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Зафировски освоил 6.595 гласови.