Македонија
20. January 2019 - 19:16

Водостопанство изнајмува возила поскапи од пазарната цена, Селами тврди дека нема да бидат употребливи за 5 години

Шест илјади евра секој месец во идните пет години државното водостопанско ќе плаќа за користење на овие теренски возила.

Договорот вкупно тежи 417 илјади евра,  склучен е во ноември минатата година за изнајмување на возила по пат на оперативен лизинг.

По истекот на петте години, претпријатитето ќе треба да ги врати возилата на фирмата од која ги набавила. Сомнеж во јавноста предизвика пазараната цена. 14 дачии дастер и едно рено талисман во трајна сопственост чинат околу 275 илјади евра.

Зошто АД „Водостопнаство“ само за петгодишно користење на возилата плаќа речиси 150 илјади евра повеќе од колку да ги купи возилата?

Директорот на Водостопанство Илми Селами, инаку поранешен анткорупцинер,  тврди дека ова е поисплатливиот начин за набавка на возила отколку тие да бидат купени, а потоа одржувани од самото претпријатите. 

Според  Договорт кој е јавно објавен, за рено талисман месечно за изнајмување се плаќа речиси 50 илјади денари, додека пак, за една дачија дастер месечната рата изнесува 27 илјади денари. Доколку возилата надминат повеќе од 100.000 километри во овие 60 месеци,„Водстопанство“ е должно да плаќа паричен надоместок од 19 денари по изминат километар.

Во договоро е вклучено и сервисирање на возилата, поправки, регистрација, целосно каско осигурување, смена на летни и зимски гуми, покривање на евентуална штета ... 

Селами како прв човек на институцијата ќе ја користи лимузината изнајмена за 50.000 евра.

Тој ги повикува сите надлежни институции да ги проверат јавните набавки. Од Јавното обвинителство велат дека ќе ги проверат информациите и ќе одлучат дали има коруптивен случај, но велат дека и Владата како единствен акционер може да поднесе кривична пријава со надлежно обвинителствo.

Од владата пак, нема одговор за јавната набавка на Акцинерското друштво.