Македонија
21. December 2018 - 11:04

Водостојот на сите реки под декемврискиот просек

Водостојот на сите реки во државата е под просекот за декември, покажуваат најновите хидролошки мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Според извештајот од УХМР, осумпати пониско е нивото на реката Треска, а скоро двојно на Пчиња и Крива Река.

Околу декемврискиот просек се движи нивото на трите природни езера во Македонија. Зголемување на нивото во однос на просекот е забележано кај Дојранското и Преспанското Езеро, а под просекот е нивото на Охридското Езеро