Македонија
28. November 2017 - 11:36

Водостојот на реките под нивото, освен на Вардар кај Јегуновце

Освен нивото на реката Вардар кај Јегуновце, кај сите остантите реки во државата водостојот е под просекот за ноември.

Според денешните мерења направени од УХРМ, најкритични се нивоата на реките Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања и Сатеска кај Ботун, кои се далеку под ноемврискиот просек.

Кај езерата малку над нивото е Дојранското Езеро, додека околу просекот се нивоата на Охридското и Преспанското Езеро.