Македонија
5. February 2018 - 11:04

Водостоите на сите реки над просект за февруари

Водостоите на сите реки во Македонија денеска се повисоки од повеќегодишниот просек за февруари, но кај дел од нив се намалуваат во однос на вчера, покажуваат најновите податоци од мерењата што ги прави Управата за хидрометеоролошки работ (УХМР).

Повисоко ниво од вчера имаат Треска кај Македонски Брод, Вардар кај Велес и Демир Капија, Пчиња кај Катлановска Бања, Брегалница кај Берово, Сушево кај Струмица и Црна Река кај Новаци.

Водостоите на природните езера се во рамките на просекот за овој месец.