Македонија
13. February 2018 - 10:34

Водостоите на реките со благо намалување

Водостоите на речиси сите реки во земјава денеска се над просекот за февруари, но се бележи благо намалување во однос на вчера, покажуваат најновите мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Два и пол пати пониско ниво од просечното има Црн Дрим кај Ложани, а малку помал од вообичаениот е водостојот на Црна Река кај Новаци, Брегалница кај Штип и Крива Река кај Крива Паланка.

Нивоата, пак, на природните езера се во рамките на повеќегодишниот просек за овој месец