Македонија
23. April 2018 - 10:44

Водостоите на реките околу просекот, најниско нивото на Црна Река

 - Нема поголеми поместувања на водостоите на реките во однос на изминатите денови, покажуваат денешните хидролошки мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи.

Најниско во однос на априлскиот просек или за 74 сантиметри помало е нивото на Црна Река кај Новаци. За 13 сантиметри е понизок водостојот на Крива Река во однос на април, за 11 сантиметри на Брегалница кај Берово и за девет сантиметри на реката Треска.

Над просекот за април се нивоата на реките Вардар, Пчиња, Црн Дрим и Сатеска.

Од УХМР информираат дека нивото на Охридското Езеро е 20 сантиметри над дозволениот максимален водостој, а нивото на Дојранското Езеро е на договорениот максимален водостој.