Живот
1. April 2016 - 12:53

Водителката на Брза кујна се вери, ова е нејзиниот избраник

Кулинарското шоу “Брза кујна” кое се емитува на Сител телевизија од јануари годинава доби нова водителка. Првата водителка Билјана е заменета со новата водителка Александра Пановска.
 
Шармантната Александра е позната радио водителка на Метрополис радио, а првото телевизиско искуство го имаше со веќе укинатото музичко шоу “На иста адреса”, а веќе ги освои симпатиите на публиката.
 
Енергичната водителка деновиве се вери со својот сакан Александар Илиевски, со кого веќе подолго време е во врска.
 
Во едно интервју неодамна Александра откри дека шоуто „Брза кујна“ и е одлична подготовка за бракот.
 
Мојата гастроприказна допрва ќе се случува – годинава ќе правам свадба, ќе правиме дом со моето момче… Да, „Брза кујна“ се појави во вистинско време – пред брак!