Живот
2. јуни 2017 - 19:16

Водителката која ја гледавме на Сител се разведува по шест месеци брак

Марија Килибарда која ја гледавме во Твоето лице звучи познато на Сител и Владимир Радмановиќ се разведуваат после неполна година заеднички живот. Водителката и поранешниот кошаркар одлучиле да стават точка на бракот бидејќи нивните замисли за иднината не се поклопуваат. Наводно тој сакал деца, а Марија сакала и понатаму да се посвети на кариерата.

- На Марија и Владимир веќе подолго време не им цветаат рози, но тоа го криеја дури и од пријателите. Постојано се караа. Владимир сака деца, веќе ја има ќерката Петра од првиот брак, а сакаше потомство и со Марија, па помеѓу нив започна да се јавува нетрпеливост. Не зборуваа и по неколку дена, па Марија одлучи да ја прекине агонијата и замина од неговата куќа, вели извор.