Џет-Сет
3. December 2015 - 23:09

Водителка разголена прошета на црвениот килим

Мајлене Клас (37) на црвениот килим прошета во необично провокативно издание. Мајлене е водителка, пејачка, пијанистка, медиумска ѕвезда и модел, а во средата беше на доделувањето на признанијата на Космополитан и буквално ги покажа сите свои атрибути.

Клас мамеше погледи со сакото под кое не носеше ништо и со чипкани панталони низ кои се гледаа не само голите нозе туку и задникот.

Со својот стајлинг се пофали на Инстаграм каде објави фотографија од автомобилот.

-Во суштина денеска излегов во пижами, напиша таа и го додаде хаштагот „вака се разбудив“.