Живот
4. August 2017 - 20:53

Водител на утринска брутално навреди дете болно од рак: Дојди пак кога ќе ти порасне коса и ќе бидеш поубав!

Гледачите на популарната утринска емисија во Британија беа згрозени од водителот Еамон Холмс кој во еден момент со бизарен коментар тешко навреди дете кое се бори со редок вид на рак.

Давсон Вилкок имал 15 месеци кога првпат му е дијагностициран хепатобластом, рак на црниот дроб, а неговите родители одлучиле да гостуваат во емисијата за да откријат дека имаат малку време за да соберат доволно средства за лекување на нивниот 22-месечен син во Америка. Холмс на семејството му посака среќа во собирањето средства, но додека го завршуваше разговорот одлучи емисијата да одјави на бизарен начин.

„Со среќа Давсон и врати ни се кога повторно ќе ти порасне косата, и ќе ни бидеш подобар и поубав“, рече Холмс и предизвика зачуденост. Мајката на Давсон изгледаше згрозена, а набрзо Твитер беше преплавен со огорчени коментари.

„Како овој уште има работа? Зошто воопшто изјави такво нешто? Колку безвреден човек, се само некои од коментарите кои се најдоа на Твитер.

Инаку, Давсон минува низ хемотерапија, но засега немаше помош од тоа. Токму затоа родителите покренаа кампања #adollarfordawson за да соберат околу 550.000 евра за лекување на Давсон во Америка.