Живот
27. September 2017 - 12:39

Водич кој открива дали вашата врска може да преживее прељуба

Едно од многуте прашања кои се наоѓа во главите на многу парови е - "дали бракот може да преживее прељуба"?

Краток одговор би гласел: да.

Меѓутоа само доколку во врската можете да препознаете некои од овие знаци кои покажуваат дека таа е појака од прељубата.

1. Секојдневно гледата работи кои јасно ви говорат дека е можно повторно да се изгради доверба помеѓу вас двајца - под услов аферата потполно да е завршена.

2. Сите контакти со личноста со која партнерот ја направил прељубата се прекинати.

3. Партнерот ве известува за сите обиди личноста да го контактира.

4. Партнерот напорно работи за повторно да ја обнови вашата врска.

5. Дава се од себе за повторно да изгради доверба помеѓу вас.

6. Учи да биде стрплив кога вашите сомнежи ќе се појават во врска со тоа дека нешто повторно не е како што треба.

7. Партнерот е трпелив кога е потребно да одговори на вашите прашања, иако има чувство дека тоа го направил веќе неколку пати.

8. Не е толку обземен со срам поради тоа што го направил за да не може да ви помогне да излезете на крај со вашите проблеми.

Доколку двајцата сакате успешно да се изборите со болката која ја предизвикува прељубата, постојат и одредени работи кои особата која ја направила прељубата мора да ги направи:

- Морате да имате потполна доверба во партнерот

- Исто така морате да знаете дека ќе има моменти кога партнерот нема да биде 100 проценти сигурен во вас

- Обидете се да сфатите зошто дошло до прељуба - но без меѓусебно откривање

- Направете се што треба за врската повторно да ја изградите на здрави нозе