Македонија
17. October 2015 - 17:39

Водата во Велес постојано лабораториски се испитува

Центарот за јавно здравје во Велес, будно ја следи состојбата на водата и храната која ја консумираат граѓаните. Во првите девет месеци од годината, во лабораторијата за санитарна микробиологија и хемија направени се над 6 илјади испитувања. Мострите кои се тестирале, покажале пропусти во квалитетот.

Лабораториите на Центарот за јавно здравје во Велес неодмна добија нова дозвола за работа. Сертифицирани се 29 методи за испитување на квалитетот на храната и водата.

Надлежните од велешкиот Центар за јавно здравје велат дека и во иднина ќе продолжи контролата на водата и храната. Сметаат оти се уште постојат угостителски објекти кои се потенцијална опасност од појава на зарази.