Македонија
28. November 2018 - 16:51

Водата во Струга забранета за пиење

Водата од струшкиот водовод има зголемена матност и не е здравствено безбедна за пиење. Од извршените мерења на водата, од страна на екипи на Центарот за јавно здравје Охрид, констатирана е зголемена матност, со вредности значително поголеми од законски пропишаните. Од Агенцијата за храна и ветеринарство донесоа решение за забрана за користење на водата за пиење на оние мерни места каде е констатирано отстапување .

Од Проаква рекоа дека ги превземаат сите активности за надминување на оваа состојба преку чистење на мрежата , испуштање на водата на цевководите и прочистување на резервоарите .

Ова не е прв пат да има забрана за пиење на водата во Струга. Од Центар за јавно здравје Охрид потенцираа дека во координација со надлежните институции континуирано ја следат состојбата со квалитетот на водата .