Македонија
29. November 2018 - 16:30

Водата во Струга се уште забранета за пиење

Забраната за користење на водата за пиење во Струга останува и покрај тоа што состојбата со квалитетот постепено се нормализира.

Денешните мерења во градот и  селата приклучени на градскиот водовод покажуваат дека матноста  е во границите на законски дозволените вредности.

Во тек се физичко-хемиски и микробиолошки анализи во лабораториите на Центар за јавно здравје кои ќе бидат доставени до соодветните инспекциски служби за натамошно постапување.Инаку водата веќе 4 дена не е безбедна за пиење.

Ова не е прв пат да се случи водата од струшкиот водовод при пообилни врнежи од дожд да се замати. Тоа е аларм за надлежните да интервенираат.

Надлежните очекуваат дека наскоро ќе биде повлечена забраната а екипите на центарот за јавно здравје остануваат на терен да ја следат состојбата.