Водата во Скопје е безбедна и квалитетна за пиење

Водата во Скопје е безбедна и квалитетна за пиење покажуваат резултатите од анализите на Секторот за санитарна контролана, извршени во периодот од 18-ти до 22-ри овој месец, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.
– Секторот за санитарна контрола во периодот од 18.11.2019 до 22.11.2019 зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се наведува во соопштението.
Од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје информираат дека неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење е добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој што е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Гаши го презентише извештајот за неговата двегодишна работа
-

Идните наставници со зелена мисија
-

Спортските настани магнет за туристите
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
