Македонија
18. јуни 2019 - 14:06

Водата во Дојранско Езеро безбедна за капење и рекреација

Водата на Дојранско езеро е безбедна за капење и рекреација, соопшти денеска градоначалникот Анго Ангов, објавувајќи ги резултатите од најновите испитувања што ги направи Центарот за јавно здравје од Велес.

Ангов појасни дека примероци за анализа на водата биле земени од Градската плажа и од плажите Полин и Гранико.

-Тие се исти како и резултатите од минатата година. Ја истакнуваат непроменетата одлична состојба на водата и покажуваат параметри кои не се штетни по здравјето на луѓето, дополни градоначалникот.

Тестирања на водата во Дојранското езеро ќе се прават уште неколку пати за време на туристичката сезона, во јули и август.