-->
-->
Водата од Тиквешко Езеро безбедна за капење
-->
Водата од Тиквешкото Езеро е безбедна за капење, риболов, поење добиток и за разни други видови на рекреација, информира денеска Трајче Ризов, епидемиолог и раководител на Центарот за јавно здравје-Кавадарци. Безбедноста ја покажале резултатите од последните земени мостри од водата во езерото.
- Водата од Тиквешко Езеро е безбедна според новиот Правилник за квалитет на вода, донесен на 20 јули оваа година. Како што покажаа микробиолошките анализи, таа спаѓа во петта класа на води, според нејзиниот квалитет, рече Ризов.
Тиквешкото Езеро е втора по големина вештачка акумулација во државата. Езерската вода се користи за капење и рекреација, лов и напојување стока, наводнување и за производство на струја.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност